Играчка семафор со вистински светлосни сигнали – црвено, жолто и зелено – и звучни ефекти. Преку игра децата ги учат основните сообраќајни правила: кога се чека, а кога може да се помине. Наменета е за деца над 3 години.
Семафорот е одличен додаток на игрите со автомобилчиња и патеки, а може да се користи и за игри на „пешак и возач“. Ги развива вниманието и логичкото размислување.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: 10 x 5,3 x 12,5 cm; пакување 12,5 x 6,5 x 16 cm
- Батерии: потребни
- Шифра: 2512004DT
