Насмеаното тркачко автомобилче од ÇLK Toys е весела играчка со цртан изглед: големи очи на шофершајбната, широка насмевка на предниот дел, голем заден спојлер и спортски налепници Racing. Цврстото пластично тело и големите бели тркала го прават погодно за туркање и возење низ куќата.
Со димензии приближно 14 x 18 x 35 cm, автомобилот е доволно голем за удобна игра и за помалите деца. Се произведува во 4 бои (на сликите црвена и жолта), а се испорачува една боја по случаен избор. Одличен избор за деца што сакаат трки и автомобили со карактер.
- Бренд: ÇLK Toys
- Димензии: прибл. 14 x 18 x 35 cm
- Материјал: Пластика
- Боја: Повеќе бои (асортиман)
- Шифра: CLK-205
