Детски клацкалки во облик на животни, клацкалки за две и повеќе деца, коњчиња за лулање со звук и коњчиња на федер – за забава во собата и во дворот.

Прикажувам 1–12 од 40 резултати

Клацкалка за прва забава

Во понудата (klackalki za deca) има пластични клацкалки во облик на коњче, слонче, крокодил, кит или моторче, клацкалки за две деца, коњчиња клацкалки со звучни ефекти и плишана облога, модели 2 во 1 со тркалца, коњче на федер, како и дрвена клацкалка што се претвора во лак за качување.

Најмалите деца, околу една година, ќе се чувствуваат најсигурно на ниска клацкалка со наслон и рачки од двете страни. Поголемите деца можат да користат клацкалки за двајца или коњче на федер. Проверете ја носивоста и широчината на основата, која треба да спречи превртување, а клацкалката поставете ја на рамна подлога, подалеку од мебел и ѕидови.

Нудиме клацкалки од Pilsan, Dolu и Chipolino, чиј официјален застапник сме. Доставуваме низ цела Македонија за 3–5 дена, а за нарачки над 3.000 ден доставата е бесплатна.