Музичкото телефонче маче е слатка детска играчка со слушалка и шарени копчиња со различни звуци и функции. Има светлосни и звучни ефекти и работи на батерии.
Детето „разговара“ со баба и дедо, со другарите или со омилените ликови, што ги развива говорот, имитацијата и играта со улоги. Копчињата ги поттикнуваат љубопитноста и фината моторика. Се изработува во жолто-розова и зелено-мента боја. Погодно за деца над 3 години.
Производот се продава во асортиман – моделот/бојата се испраќа според залихата.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: 16 x 17 x 3 cm; пакување 17 x 18 x 6 cm
- Боја: жолто-розова или зелено-мента (според залихата)
- Шифра: 2605032DT
