Busy Book е интерактивна едукативна книга со активности во која децата лепат и одлепуваат елементи и притоа учат бои, букви, броеви и форми. Темите вклучуваат бои, азбука, диносауруси, форми, виножито, броеви до 10, овошје и зеленчук, делови од телото, времето, возила и планети.
Книгата поттикнува развој на јазичните и математичките вештини и ги подобрува фината моторика, координацијата и меморијата. Страниците се поврзани со пластични карики, а елементите можат да се користат повеќе пати. Натписите во книгата се на англиски јазик.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: 28 x 20,5 cm; пакување 30 x 21,5 x 3 cm
- Шифра: 2602043DT
