Rapid детско возило на акумулатор во облик на спортски мотор, во црвена боја со сини и црни детали. Моторот има три тркала (едно напред и две назад) за стабилно возење, аеродинамична обвивка и удобно седиште, а детето го управува со рачките како вистински мотоциклист.
Возилото работи на акумулатор од 12 V и има два мотори, а вградениот мултимедијален систем со радио, USB, Bluetooth и AUX приклучок овозможува слушање музика за време на возењето. Одличен избор за мали љубители на брзината, за возење во дворот или паркот под надзор на возрасен. Препорачано за деца од 3 години.
- Бренд: Rapid
- Возраст: 3+
- Материјал: Пластика
- Боја: Црвена
- Шифра: 28270RG
