Woodoy дрвената игра со тркала е едукативна играчка за сортирање, спојување и редење. На дрвена основа со клинови детето ги поставува шарените тркала-запчаници со геометриски отвори и соодветните дрвени фигури, ги спојува според формата и бојата и ги реди една врз друга. Играта ја поттикнува логиката и трпението, ја развива фината моторика и помага во учењето на боите и формите.
Играчката е изработена од масивно буково дрво, обоено со бои на водена база, во Турција од Karsan Oyuncak (бренд Woodoy). Погодна е за деца од 18 месеци. Димензии на пакувањето: 9,4 x 23 x 9,5 cm.
- Бренд: Woodoy
- Возраст: 18 месеци+
- Димензии: 9,4 x 23 x 9,5 cm (пакување)
- Материјал: Дрво (масивна бука)
- Боја: Повеќебојна
- Содржина на пакувањето: Дрвена основа со клинови, шарени запчаници и дрвени фигури
- Шифра: KR078
