Мал детски сет за куглање што содржи 6 пластични чуњеви во живи бои и една топка, спакувани во практична мрежеста торба. Во сетот има и пластичен држач со кој чуњевите лесно се подредуваат пред секоја нова партија.
Куглањето е забавна игра за деца и семејство, која може да се игра во станот, во дворот, во паркот или на плажа. Играта ја развива координацијата, прецизноста и моторичките вештини, а ги учи децата на чекање ред и фер натпреварување. Чуњевите се во виолетова, зелена, жолта и сина боја, а топката во црвена. Наменет за деца од 3 години.
- Возраст: 3+
- Материјал: Пластика
- Боја: Повеќебојна
- Број на делови: 8
- Содржина на пакувањето: 6 чуњеви, 1 топка, 1 држач за чуњеви, мрежеста торба
- Шифра: 2ASP
