Дрвената вага Woodoy е едукативна играчка со две тасчиња и сет шарени дрвени тегови во различни големини. Детето ги става теговите на двете страни и набљудува кога вагата е во рамнотежа, а кога едната страна е потешка. Така на забавен начин учи да споредува тежини, да брои и да ги разбира поимите „потешко“, „полесно“ и „еднакво“.
Вагата е одлична за игра дома и во градинка, а може да се користи и во игра со улоги, како продавница или пазар. Изработена е од масивно буково дрво и обоена со бои на водена основа, а е произведена во Турција. Погодна е за деца над 3 години. Димензии на кутијата: 32,3 x 17,8 x 12,2 cm.
- Бренд: Woodoy
- Возраст: 3+
- Материјал: Дрво (масивна бука), бои на водена основа
- Боја: Повеќебојна
- Содржина на пакувањето: Дрвена вага, сет дрвени тегови
- Шифра: KR066
