„Коњчето Искра“ е сликовница од македонската авторка Маја Мишевска. Низ приказната за коњчето Искра децата влегуваат во светот на играчките и на имагинацијата.
Кратка, илустрирана книга за заедничко читање со родителите, која ги поттикнува фантазијата и љубовта кон книгата.
Карактеристики
- Автор: Маја Мишевска
- Издавач: Арс Ламина
- Јазик: македонски
- Број на страници: 20
- Повез: мек
- Година на издавање: 2023
- Возраст: 5+ години
- ISBN: 9786082675428
- Шифра: 675428LM
