Дрвената сложувалка со дршки има делчиња со мали копчиња-дршки за лесно фаќање, прилагодени за детски рачиња. Секое делче се вклопува на своето место на подлогата, а покрај сликите се напишани и нивните англиски називи.
Сложувалката ги поттикнува концентрацијата и логичкото размислување и ја развива фината моторика. Теми: фарма, шумски животни, инсекти, овошје, зеленчук, диносауруси или морски свет. Погодна е за деца над 3 години.
Производот се продава во асортиман – моделот/бојата се испраќа според залихата.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: 15 x 15 cm
- Материјал: дрво
- Боја: шарена (темата зависи од моделот)
- Шифра: 2508042DT
