PlayWood едукативната сложувалка „Аеродром“ е дрвена сложувалка во рамка со 20 делови и шарена сцена од аеродром – авиони, автобус, патници со багаж и контролна кула. Во аголот на таблата има мала слика како помош при составувањето. Таблата е двострана: на задната страна е отпечатена таблица за множење, заедно со сликите на моделите од серијата, па играчката служи и како корисно помагало за учење.
Составувањето ги развива фината моторика, вниманието, логичкото размислување и трпението. Димензии на таблата: 23,4 x 33,4 cm. Изработена е во Турција од Onyıl Oyuncak (бренд PlayWood) според стандардите CE. Артиклот доаѓа во 4 различни модели со тема аеродром и се испорачува еден од нив по случаен избор.
- Бренд: PlayWood
- Димензии: 23,4 x 33,4 cm
- Материјал: Дрво
- Боја: Повеќебојна
- Број на делови: 20
- Шифра: ONY-233/234/235/236
