Маркет сет од Dede со мотиви од Barbie, сместен во розов ранец што се носи на грб. Кога ќе се отвори, ранецот се претвора во мал маркет со каса, вага, скенер, корпичка и полички, а во сетот има и играчки продукти – овошје и зеленчук, пакување брашно и млеко. Децата си играат продавач и купувач, ги мерат и наплаќаат продуктите, а по играта сè се спакува во ранецот.
Играта со улоги ги развива социјалните вештини и имагинацијата и ги запознава децата со бројките и пазарувањето. Ранецот е практичен за носење кај баба и дедо, во парк или на патување. Куклата прикажана на фотографијата не е дел од сетот. Произведено во Турција.
- Бренд: Dede
- Материјал: Пластика
- Боја: Розова
- Содржина на пакувањето: Ранец-маркет со каса, вага, скенер, корпичка и играчки продукти
- Шифра: 03876
