Кактус коцките (Cactus Blocks) од Dede се шарени пластични коцки со ситни „бодликави“ површини, благодарение на кои лесно се закачуваат една за друга без силно притискање – идеално за мали раце. Сетот содржи 55 делови во различни бои и облици, меѓу кои квадрати, триаголници, долги елементи и тркала, од кои децата градат возила, авиони, бродови, роботи и сè што ќе им текне.
Играта со коцките ги развива креативноста, просторното размислување, фината моторика и координацијата рака-око. Погодни се за деца од 3 години. Произведено во Турција.
- Бренд: Dede
- Возраст: 3+
- Материјал: Пластика
- Боја: Повеќебојна
- Број на делови: 55
- Содржина на пакувањето: 55 кактус коцки и елементи за градење
- Шифра: 03306
