Тематски сет кактус коцки од Dede со 55 делови на тема пожарна станица. Шарените коцки со „бодликави“ површини лесно се закачуваат една за друга без силно притискање, а во сетот има и елементи со лик на пожарникар, тркала и сценска позадина со пожарна станица. Од нив децата градат пожарно возило, хеликоптер, пожарникари и сопствени спасувачки приказни.
Играта ги развива креативноста, просторното размислување и фината моторика, а темата ги запознава децата со професијата пожарникар. Погодни се за деца од 3 години. Произведено во Турција.
- Бренд: Dede
- Возраст: 3+
- Материјал: Пластика
- Боја: Повеќебојна
- Број на делови: 55
- Содржина на пакувањето: 55 кактус коцки и тематски елементи
- Шифра: 03308
