Dede Fun-Fun Puzzle е конструктор со 128 шарени делови што лесно се спојуваат меѓу себе. Од нив се градат тродимензионални фигури – автомобил, авион, животни и растенија – по примерите од кутијата или според сопствена замисла. Наменет е за деца од 3 години.
Играта ги развива креативноста, познавањето на боите, координацијата око–рака, моториката, вниманието и имагинацијата. Производот е изработен во Турција.
- Бренд: Dede
- Возраст: 3+ години
- Содржина на пакувањето: 128 делови
- Боја: шарени
- Шифра: 03905
