Андреј Компани е официјален застапник на Chipolino за Македонија. Chipolino е бугарски бренд за бебешка и детска опрема, дел од групацијата Maxeurope, присутен во повеќе од 30 земји. Производите се создадени за секојдневна употреба, со акцент на безбедноста и удобноста на детето.
Кај нас ќе најдете бебешки колички и кенгури, автоседишта, креветчиња и опрема за спиење, релаксатори и проодувалки, опрема за капење и хранење, како и трицикли, велосипеди и возила на акумулатор.
Како официјален застапник нудиме оригинални Chipolino производи. Можете да ги видите и купите во нашите продавници во Скопје и Штип или да нарачате онлајн со достава низ цела Македонија.