Tooky Toy Stacking Animals е дрвен сет за редење и баланс. На стапчето поставено врз основа во облик на виножито детето ги наредува животните и дрвените блокчиња, внимавајќи кулата да не се сруши. Сетот содржи 12 животни, 3 дела од виножито, блокчиња и други дрвени делови.
Играта ги развива чувството за рамнотежа, координацијата око–рака, фината моторика и трпението. Изработен е од мазно и издржливо дрво со завршна обработка безбедна за деца.
- Бренд: Tooky Toy
- Возраст: 18+ месеци
- Димензии: околу 20 x 24 x 3,6 cm (пакување 22 x 22 x 6 cm)
- Материјал: дрво
- Содржина на пакувањето: стапче, 12 животни, 3 дела од виножито, блокчиња и дрвени делови (29 дела)
- Боја: шарена
- Шифра: 35656DM
