Dede Танграм е едукативна логичка игра со 56 шарени геометриски делови, спакувани во пластична кутија со рачка. Деловите се поделени во 8 комплети од по 7 делови, па истовремено може да се сложуваат 8 различни танграм-фигури – погодно за заедничка игра со другарчиња или со семејството.
Од геометриските форми детето составува куќички, животни, луѓе и шари. Играта ги развива просторното размислување, логиката, препознавањето форми и трпението.
- Бренд: Dede
- Возраст: 3+ години
- Димензии: кутија 33 x 22,5 x 18 cm
- Содржина на пакувањето: 56 делови (8 комплети по 7 делови) во пластична кутија
- Боја: шарени
- Шифра: 01940
