Kikka Boo Bon Bon е тропка во облик на бонбона со две меки силиконски глодалки од страните. Нежниот звук на топчињата во проѕирниот прстен и пријатните бои го привлекуваат вниманието на бебето, а силиконските делови се удобни за гризење.
Тропката е лесна и удобна за мали раце – бебето ја фаќа, ја тресе и ја префрла од рака во рака, со што ги развива слухот, видот и фината моторика.
Карактеристики
- облик на бонбона со 2 меки силиконски глодалки
- нежен звук што го стимулира слухот
- материјали без BPA
- лесна и удобна за држење
- Бренд: Kikka Boo
- Возраст: 0+ месеци
- Материјал: пластика и силикон
- Боја: сина (тиркизна)
- Шифра: 550080DM
