Dede Танграм „in my mind“ е логичка сложувалка од 28 шарени пластични плочки – триаголници, квадрати и ромбоиди – од кои се слагаат различни фигури: куќа, птица, авион, ѕвезда, шари и уште многу други. Плочките се чуваат во проѕирна пластична кутија со капак и црвени затворачи.
Танграмот го развива логичкото размислување, просторната перцепција и препознавањето форми и бои, а децата учат да бидат трпеливи и упорни додека не ја сложат фигурата.
- Бренд: Dede
- Материјал: пластика
- Содржина на пакувањето: 28 геометриски плочки во пластична кутија
- Шифра: 03152
