PlayWood едукативната сложувалка „Автосервис“ е дрвена сложувалка во рамка со 20 делови и шарени сцени од работилница со механичари. Артиклот доаѓа во четири модели – жолт багер, виљушкар, црвено пожарникарско возило и бело сервисно возило – а се испорачува еден од нив по случаен избор. Во аголот на таблата има мала слика како помош при составувањето.
Составувањето ги поттикнува визуелниот и менталниот развој, вештините на рацете, концентрацијата и трпението. Таблата има димензии 32,5 x 23,5 cm и дебелина 7 mm. Изработена е во Турција од Onyıl Oyuncak (бренд PlayWood) според стандардите CE.
- Бренд: PlayWood
- Димензии: 32,5 x 23,5 cm
- Материјал: Дрво
- Боја: Повеќебојна
- Број на делови: 20
- Шифра: ONY-48/49/50/51
