Сетот за сликање со штафелај е вистинско мало сликарско ателје за деца. Содржи платно со големина 30 x 40 cm на кое илустрацијата е веќе нацртана, темперни бои и четка, а штафелајот го држи платното исправено за удобно сликање.
Детето ги пополнува контурите со бои по свој избор и создава слика што потоа може да ја изложи или подари. Сликањето ги развива креативноста, трпението и фината моторика. Мотиви: еднорог со кочија, жапче во автомобил, жирафа и слон, замок, астронаут во вселената или жирафче.
Производот се продава во асортиман – моделот/бојата се испраќа според залихата.
- Димензии: платно 30 x 40 cm
- Содржина на пакувањето: штафелај, платно со нацртана илустрација, темперни бои и четка
- Боја: шарена (мотивот зависи од моделот)
- Шифра: 2506181DT
