Дрвената сложувалка Овошје е класична едукативна играчка со 12 парчиња со дршки: јаболко, манго, праска, круша, грозје, јагода, банана, портокал, диња, ананас, лимон и каки. Под секое парче е испишано името на овошјето на англиски јазик.
Детето го вади секое овошје и го враќа на неговото место според обликот и сликата. Дршките се лесни за фаќање со малите прсти, а играта ги развива логичкото размислување, концентрацијата и фината моторика, додека детето учи да ги препознава и именува овошјата.
- Димензии: 30 x 22 x 1 cm
- Материјал: дрво
- Содржина на пакувањето: табла со 12 парчиња со дршки
- Боја: шарена
- Шифра: 35733DM
