Dolu големите шарени коцки се сет од 125 коцки во различни бои и големини за слободно градење кули, куќи и сè што ќе посака детето. Коцките доаѓаат во пластична кутија со капак, па по играњето лесно се собираат.
Играта со коцки ја развива визуелната перцепција, препознавањето на боите, координацијата око-рака и моториката. Сетот е погоден за игра и внатре и надвор, а производот има CE ознака.
- Бренд: Dolu
- Возраст: 18+ месеци
- Димензии: пакување 15,5 x 37 x 25,5 cm
- Материјал: PP пластика
- Содржина на пакувањето: 125 коцки, кутија со капак
- Боја: шарена
- Шифра: 5214D
