NUK Disney Toy Story е силиконска цуцла лажалка за бебиња од 6 до 18 месеци, со ликови од омилениот анимиран филм на Disney/Pixar (официјална лиценца). Се продава поединечно, со хигиенска кутија за чување и стерилизација.
Карактеристики
- Анатомска (ортодонтска) NUK форма, обликувана според брадавицата на мајката при доење
- NUK Air System – вентил на задната страна на цуцлата го испушта воздухот, па таа останува мека и флексибилна
- Тенок и тесен врат на цуцлата – без непотребен притисок врз непцето и вилицата
- Хигиенска кутија за чување, која може да се користи и за стерилизација на цуцлата во микробранова печка
- Без BPA; произведено во Германија
- Официјална лиценца Disney/Pixar
Производот се продава во асортиман – дизајнот (Buzz Lightyear, Jessie, Alien или натпис „Yeeehaaw“) се испраќа според залихата, без можност за избор. Фотографиите се илустративни.
- Бренд: NUK
- Возраст: 6–18 месеци
- Материјал: силикон
- Содржина на пакувањето: 1 цуцла лажалка, кутија за чување и стерилизација
- Боја: асортиман
- Шифра: 10736458
