NUK All Stages глодалката во облик на морско коњче е наменета за бебиња од 3 месеци и им помага во периодот на никнување на забите. Ги масира непцата и ја ублажува болката, а зоните со различна тврдост овозможуваат масажа со различен интензитет – според потребите на бебето.
Специјалната форма допира до секој дел од устата и лесно се држи во малите раце. Глодалката е изработена од неалергени материјали, без BPA, и е произведена во Германија.
Производот се продава во асортиман – бојата (зелена, розова или сина) се испраќа според залихата, без можност за избор. Фотографиите се илустративни.
- Бренд: NUK
- Возраст: 3+ месеци
- Материјал: неалергени материјали, без BPA
- Боја: асортиман (зелена, розова или сина)
- Шифра: 10256454
