Free2Play Не лути се човече е дрвено издание на класичната друштвена игра за целото семејство. Наместо обични пиони, фигурите се во облик на животни, што играта ја прави уште попривлечна за децата. Таблата се склопува како кутија со затворач, па фигурите и коцките лесно се чуваат.
Играта е за 2 до 6 играчи и ги развива имагинацијата, координацијата рака–око и почитувањето на правилата.
- Бренд: Free2Play
- Возраст: 3+ години
- Димензии: 26 x 24 x 3 cm
- Материјал: дрво
- Шифра: 85185AP
