Дрвената сложувалка Букви / Бројки е алатка за учење што ја поттикнува сензорната стимулација и развојот на детето. Шарените делчиња се вадат од таблата и се враќаат на своето место, а детето успатно ги запознава буквите или бројките. На фотографијата е верзијата со мали латинични букви од a до z.
Таблата е рачно изработена, обоена со акрилни бои, безбедна и нетоксична за децата и ги развива фините моторни вештини.
Производот се продава во асортиман – верзијата (букви или бројки) се испраќа според залихата.
- Димензии: 17 x 17 cm
- Материјал: дрво, акрилни бои
- Шифра: 33732DM
