Детски тротинет со две тркала во розова боја, наменет за деца од 3 години. Конструкцијата е од алуминиум и челик, а тротинетот лесно се склопува, што го прави практичен за носење во автомобил, за чување во стан или за земање на прошетка и во парк. Висината на управувачот може да се прилагоди на три нивоа, па тротинетот го следи растот на детето.
Тркалата се од силикон (PU), мазни и тивки при возење, без светла. Рачките на управувачот се обложени со мек материјал за подобар зафат, а платформата за стоење е стабилна и удобна. Максималната носивост е 20 kg.
- Бренд: Playgame
- Возраст: 3+
- Материјал: Алуминиум и челик
- Боја: Розова
- Шифра: 0127126P
