Lovely Baby е реалистична кукла бебе облечена во розов ромпер и капа со шарени квадратчиња. Со куклата доаѓаат и шишенце, цуцла и пелена, па детето може да го храни, пресоблекува и успива своето бебе.
Грижата за кукла бебе развива емпатија, одговорност и вештини за игра на улоги, а детето ги имитира мама и тато во секојдневните обврски. Куклата постои во две верзии – со отворени и со затворени очи. Производот се продава во асортиман – моделот/бојата се испраќа според залихата.
- Димензии: кутија 22 x 10 x 37 cm
- Содржина на пакувањето: кукла бебе, шишенце, цуцла, пелена
- Боја: розова
- Шифра: 2356884
