Туркалки и гуралки за најмалите, витари со рачка за родител, автомобили, мотори и трактори на педали и багери за седење – првите возила на вашето дете.

Прикажувам 1–12 од 94 резултати

Првото возило на детето

Во категоријата (turkalki, vitari) се наоѓаат туркалки и гуралки што детето ги движи со нозете, витари 2 во 1 и 4 во 1 со родителска рачка, сирена и светла, гуралки што се отвораат во гаража, автомобили и мотори на педали, големи трактори на педали со приколка и багери за седење со подвижна лопата.

За деца од околу 12 месеци погодни се ниските туркалки со широка основа, кај кои стапалата цврсто стигнуваат до подот, а родителската рачка помага додека детето уште не управува самостојно. Возилата на педали се за деца што веќе ја совладале координацијата, најчесто од 3 години. Проверете ја носивоста, висината на седиштето и дали тркалата се тивки ако ќе возите во стан.

Нудиме возила од Dolu, Pilsan, Dede и Chipolino, чиј официјален застапник сме, и големи багери за седење Lena GIGA TRUCKS. Испорака низ цела Македонија за 3–5 дена, бесплатно над 3.000 ден.