Ocean Jigsaw Blocks 6 во 1 е сложувалка од 6 коцки со слики. Со вртење и редење на коцките детето може да состави 6 различни слики со морски животни – ајкула, риба, октопод, желка, кит и рак. На коцките се испишани и имињата на животните на англиски јазик.
Сложувањето ги развива логичкото размислување, вниманието и визуелното препознавање, а детето ги учи и имињата на морските животни.
- Димензии: кутија 21,6 x 7 x 18,2 cm
- Содржина на пакувањето: 6 коцки со слики
- Боја: шарена
- Шифра: 2841234
