Трамболини со заштитна мрежа, кошеви за кошарка, фудбалски голови, сетови за куглање, маси за фудбал и хокеј, санки и друга спортска опрема за деца.

Прикажувам 1–12 од 105 резултати

Спортска опрема за активни деца

Во оваа категорија (trambolini) се наоѓаат трамболини за двор со заштитна мрежа и скалила, мали трамболини за дома, кошеви за кошарка со прилагодлива висина, фудбалски голови и топки, сетови за куглање, рекети, голф и фризби, маси за фудбал, аерохокеј и билјард, пикадо, вреќи за удирање, греда за баланс и санки за зима.

Трамболината изберете ја според дворот и возраста на децата – секогаш со заштитна мрежа, поставена на рамна површина, подалеку од ѕидови и дрвја. Најбезбедно е на трамболината да скока по едно дете и под надзор на возрасен. Кај кошевите изберете модел со прилагодлива висина што ќе расте со детето, а за помалите деца сетовите за куглање и меките топки се одличен почеток.

Нудиме спортска опрема од Dede, Pilsan и Dolu, трамболини Bestway и Chipolino, како и сетови со ликови од Disney, Cars и Spider-Man. Испорака низ цела Македонија за 3–5 дена.