Лулашки
36 производиПроизводи
Лулашки за бебиња со безбедносен ремен, лулашки за поголеми деца и сетови со лизгалка за двор – и со омилени ликови како Paw Patrol, Cars и Barbie.
Како да изберете детска лулашка?
Во понудата (lulaski za deca) има бебешки лулашки со високо седиште и безбедносен ремен, класични лулашки со синџири, лулашки со ликови од Disney, Barbie, Cars, Spider-Man и Paw Patrol, како и комбинирани игралишта со лизгалка и лулашка за дворот.
За деца помали од 3 години изберете лулашка со затворено седиште, наслон и ремен, а за поголемите деца – отворено седиште со соодветна носивост. Лулашката закачете ја на цврста греда или конструкција, на безбедна висина од земјата и со доволно слободен простор напред и назад. Јажињата, синџирите и куките проверувајте ги редовно, а малите деца нека се лулаат под надзор.
Нудиме лулашки од Pilsan, Dolu, Dede и Chipolino – брендови чиј официјален застапник сме. Доставуваме низ цела Македонија за 3–5 дена, бесплатно над 3.000 ден.



