Детски лизгалки за двор и за дома, водени лизгалки со приклучок за вода и игралишта со лулашка и кош за кошарка – за деца од првите години.

Прикажувам 1–12 од 44 резултати

Како да изберете детска лизгалка?

Во понудата (detski lizgalki) има мали лизгалки за прв обид, склопливи модели што лесно се чуваат, водени лизгалки со приклучок за црево, големи лизгалки за двор, замоци и игралишта 3 во 1, 4 во 1 и 7 во 1 со лулашка, кош за кошарка и масичка, како и тобогани на надувување за летото.

Висината и должината на лизгалката изберете ги според возраста на детето и препорачаната максимална тежина. За најмалите погодни се ниски лизгалки со широки скалила и рачки, а поголемите деца ќе уживаат во подолги лизгалки и комбинирани игралишта. Поставете ја лизгалката на рамна и мека подлога, со слободен простор на крајот од лизгањето, и пред секоја сезона проверете дали е стабилна.

Нудиме лизгалки од Dolu и Pilsan, чиј официјален застапник сме, од Chipolino и MGS, како и тобогани на надувување Bestway. Достава низ цела Македонија за 3–5 дена.