Друштвени игри за цело семејство, игри со карти UNO, Не лути се човече, шах, игри за баланс и брзина, дрвени и подни сложувалки и пазли.

Прикажувам 1–12 од 74 резултати

Игри за дружење и размислување

Во категоријата (drustveni igri) има класични игри како Не лути се човече, шах, Икс-О и игри со карти UNO, игри за баланс и вештина како дрвена џенга и кули што не смеат да паднат, брзи семејни игри со ѕвонче и картички, логички игри танграм и пентомино, дрвени сложувалки за најмалите, подни сложувалки со големи делови и пазли од 48 до 300 делови.

Сложувалката изберете ја според бројот на делови: за деца од 2–3 години дрвени сложувалки со неколку делови или со рачки, за предучилишна возраст подни сложувалки до 50 делови, а за школарци пазли со стотина и повеќе делови. Кај друштвените игри проверете ја возраста и бројот на играчи наведени на кутијата. Заедничката игра учи на чекање ред, почитување правила и спортско прифаќање на загубата.

Нудиме UNO од Mattel, дрвени игри Viga, PlayWood, Woodoy и Hape, како и игри од Pilsan и Dede. Испорака низ цела Македонија за 3–5 дена, бесплатно над 3.000 ден.