Дрвени играчки
264 производиПроизводи
Дрвени и Монтесори играчки од Viga, PolarB, Woodoy и PlayWood – сортери, кули за редење, сложувалки, сметала, играчки за влечење, возови и сетови за игра на улоги.
Зошто дрвени играчки?
Во оваа категорија (drveni igracki) се собрани дрвените играчки од целата наша понуда: сортери и коцки со геометриски форми, кули и возови за редење, играчки за влечење на врвка, сложувалки, сметала и абакуси, часовници, ваги, игри риболов и Так-Чак, џенга, ксилофони, кујни и сетови алати, дрвени возила, клацкалки и количка за кукли.
Дрвените играчки се цврсти, пријатни на допир и долго траат, а нивната едноставност го поттикнува детето само да смислува игра. Многу од нив се во Монтесори духот – една активност, јасна цел и природен материјал. При избор гледајте мазни рабови без ивери и цврсто споени делови, а ознаката за возраст покажува дали играчката има ситни елементи. Чистете ги со влажна крпа, без потопување во вода.
Нудиме Viga и PolarB, Woodoy, PlayWood, Hape и Fisher-Price, како и дрвени клацкалки Chipolino. Испорака низ цела Македонија за 3–5 дена.

