Детски кујни со вода, светло и звук, сетови алати и работни маси, доктор сетови, маркет колички и каси, сетови за убавина и домаќинство за игра на улоги.

Прикажувам 1–12 од 172 резултати

Мали готвачи, мајстори и доктори

Во понудата (detska kujna) има големи детски кујни со чешма, пареа, светла и звуци, кујни во куфер на тркала, сетови садови и сетови за чај, храна за игра, работни маси и сетови алати, детска моторна пила со заштитни очила, доктор сетови, супермаркет со каса и скенер, маркет колички, машини за перење и даски за пеглање, тоалетни масички, салони за убавина и сетови за правење лак за нокти.

Играта на улоги им помага на децата да го разберат светот на возрасните, да зборуваат и да соработуваат со другите. Изберете сет според интересите на детето и просторот: големата кујна бара место, а сетовите во куфер лесно се спакуваат. За помали деца барајте поголеми делови без ситни елементи, а кај играчките со вода и пареа следете го упатството.

Нудиме сетови од Dede, вклучително Barbie и Disney, од Dolu, Pilsan, Chipolino и MGS, како и дрвени сетови Viga и PlayWood. Достава низ цела Македонија за 3–5 дена.