Хидрауличниот багер е едукативна STEAM играчка „направи сам“ што детето самостојно ја склопува од 130 делови. Багерот не користи батерии ни мотор – работи на принципот на хидраулика, со цилиндри и цевчиња полнети со обична вода, преку кои се движат стрелата и лопатата. Така детето на интерактивен начин ги учи основите на хидрауличниот инженеринг и сфаќа како работат вистинските градежни машини.
Моделот има гасеници, кабина и голема лопата со заби, во сиво-бела боја со сини детали. Склопувањето ги развива техничкото размислување, трпеливоста и фината моторика, а готовиот багер е забавна играчка за градежни игри и убав подарок за младите инженери.
- Боја: Сива / бела
- Број на делови: 130
- Шифра: GC0101
