Bburago Mercedes-Benz 190E 1987 е метален (die-cast) модел во размер 1:24 на класичната германска лимузина од осумдесеттите години. Вратите се отвораат, а верните пропорции и деталите го прават моделот препознатлив на прв поглед.
Моделот е убав за игра, за полица со колекција или како подарок за љубител на класични автомобили. Децата преку игра ги запознаваат познатите автомобили и ја развиваат фантазијата. Постои во црвена и светлосина металик боја – бојата се испраќа според залихата.
- Бренд: Bburago
- Возраст: 3+ години
- Материјал: метал (die-cast)
- Боја: црвена или светлосина металик (според залихата)
- Шифра: BUR21103
