Dinosaur Extreme Speed DIY Track е флексибилна патека што децата ја составуваат по своја замисла. Деловите од патеката се во различни бои и светат во темно, а во комплетот има и почетен дел, мост, фигури на диносауруси и дрвца. Автомобилот работи на полнлива Li-ion батерија од 3,7 V што се полни со USB кабел, а неговата каросерија може да се менува. Наменета е за деца од 3 години.
Составувањето на патеката ги развива просторното размислување и креативноста, а возењето низ „праисториската“ патека е вистинска авантура.
Бојата и обликот на автомобилот се случајни и се испраќаат според залихата.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: кутија 36 x 7 x 25 cm
- Батерии: полнлива Li-ion батерија 3,7 V со USB кабел (вклучени)
- Содржина на пакувањето: делови од патека, почетен дел, мост, диносауруси, дрвца, автомобил, USB кабел – вкупно 105 дела
- Боја: шарена
- Шифра: 2775441
