Сет автомобилчиња со 12 спортски автомобилчиња во различни модели и бои и едно теренско возило. Сите се спакувани во практична проѕирна кутија со рачка, во која после играта лесно се враќаат и се носат насекаде. Наменет е за деца над 3 години.
Со толку многу возила децата можат да организираат трки, колони и паркинзи, да ги подредуваат по боја или модел и да смислуваат свои приказни. Играта ги развива имагинацијата и фината моторика.
Производот се продава во асортиман – моделот/бојата се испраќа според залихата. Теренското возило може да биде жолто, сино, зелено, црвено или бело-портокалово.
- Возраст: 3+ години
- Димензии: автомобилче 6,5 x 3 cm; теренско возило 7 x 7 cm; пакување 13 x 11,5 x 28 cm
- Содржина на пакувањето: 12 автомобилчиња, 1 теренско возило, кутија за носење
- Боја: шарено
- Шифра: 2512048DT
