Детскиот супермаркет е комплет за играње продавница: штанд со полици, каса, скенер и вага, како и количка за пазарување и намирници за игра – овошје, зеленчук и пакувања производи. Децата наизменично стануваат продавачи и купувачи – пазаруваат, скенираат производи и плаќаат на касата, а притоа учат за броевите, парите и секојдневните ситуации.
Играта на улоги го развива говорот, социјалните вештини и имагинацијата, а е погодна за играње со другарчиња или со родителите. Штандот е во црвено-бела боја, со корпи за овошје и зеленчук од страната. Препорачана возраст: од 3 години.
- Возраст: 3+
- Материјал: Пластика
- Боја: Црвено-бела
- Содржина на пакувањето: Штанд-продавница со каса, скенер и вага, количка за пазарување, намирници за игра (како на сликата)
- Шифра: 1335338
