Симпатичната играчка правосмукалка MGS е во розова боја, со насмеано лице, долга рачка и флексибилно црево, исто како вистинска. Лесна е и се движи на тркалца, па децата можат да „помагаат“ во чистењето исто како мама и тато. Играчката поттикнува играње улоги и имитирање на секојдневните активности во домот.
Долгата рачка овозможува удобно туркање, а лесната конструкција и тркалцата овозможуваат лесно движење низ просторијата. Изработена е од пластика и е наменета за деца од 3 години. Произведено во Турција, со CE ознака за усогласеност со европските стандарди за безбедност на играчки.
- Бренд: MGS
- Возраст: 3+
- Материјал: Пластика
- Боја: Розова
- Шифра: 3825H
