Конструкторот Space Robot е сет за составување футуристички робот од 218 парчиња, изработени од комбинација на метал и пластика. Деловите се спојуваат со шрафови со помош на придружните алатки – одвртка и клуч.
Составувањето ги развива логичкото размислување, трпението и фината моторика, а готовиот робот на гасеници е убав украс во детската соба. Сетот е погоден за деца над 8 години.
- Возраст: 8+ години
- Димензии: пакување 29 x 26,5 x 5 cm
- Материјал: метал и пластика
- Содржина на пакувањето: 218 дела, одвртка и клуч
- Шифра: 2502120DT
