PlayWood сетот од 100 шарени дрвени коцки е одличен почеток за градење кули, куќи, мостови и сè што ќе посака детската фантазија. Коцките се во шест бои и во различни облици – квадрати, триаголници, лаци, правоаголници и цилиндри – па нудат безброј можности за комбинирање, редење и броење.
Играта со коцки ги развива координацијата око–рака, фината моторика, препознавањето на облиците и боите, како и креативноста. Сетот е изработен од 100% дрво во Турција од Onyıl Oyuncak (бренд PlayWood) според стандардите CE. Се чува во практична картонска туба со рачка, во која коцките лесно се спремаат по играта. Погоден е за деца од 3 години. Димензии на пакувањето: 33 x 14,5 x 16 cm.
- Бренд: PlayWood
- Возраст: 3+
- Димензии: 33 x 14,5 x 16 cm (пакување)
- Материјал: Дрво
- Боја: Повеќебојна
- Број на делови: 100
- Содржина на пакувањето: 100 дрвени коцки во картонска туба со рачка
- Шифра: ONY-309
