LEGO® DOTS Extra DOTS – серија 1 (41908) е кесичка со 109 декоративни плочки за дополнување на DOTS креациите. Содржи 79 плочки во 4 бои, 20 проѕирни сини плочки со шљокици и 10 декорирани плочки – изненадување од 16 можни дизајни. Наменета е за деца од 6 години.
Плочките служат за дополнување или менување на изгледот на DOTS нараквиците и декорациите за соба и се компатибилни со другите LEGO DOTS сетови. Така секоја креација може повторно да добие нов изглед, а децата ја развиваат креативноста и смислата за бои.
- Бренд: LEGO (DOTS)
- Возраст: 6+ години
- Содржина на пакувањето: 109 плочки во кесичка – 79 во 4 бои, 20 проѕирни сини со шљокици, 10 декорирани (по случаен избор)
- Шифра: 6294149
