Clementoni Soft Clemmy Dog & Puppy е сет со кофа во форма на куче, 6 меки коцки Clemmy и фигура кученце. Наменет е за деца од 6 до 36 месеци.
Коцките може да се редат, стискаат и фрлаат, а безбедни се и кога детето ги става в уста – меки се, нетоксични и може да се перат. Релјефните текстури ја стимулираат тактилната перцепција, а живите бои визуелната. Играта ги развива фината моторика, координацијата, креативноста и раскажувањето приказни.
- Бренд: Clementoni
- Возраст: 6–36 месеци
- Димензии: 20 x 13,8 x 19,7 cm
- Содржина на пакувањето: кофа во форма на куче, 6 меки коцки, фигура кученце
- Боја: портокалова и сина
- Шифра: 755017769DM
