Бебе опрема
536 производиПроизводи
Бебе опрема за првите години: колички и кенгури, автоседишта, креветчиња, столчиња за хранење, опрема за бањање и нега, релаксатори и подлоги за игра на едно место.
Сè што му е потребно на бебето
Во категоријата Бебе опрема (bebe oprema) ќе најдете колички 2 во 1 и 3 во 1, летни колички и кенгури, автоседишта i-Size со ISOFIX, креветчиња и душеци, хранилки, шишиња и цуцли, кадички, нокшири, бебефони и заштитни огради за домот.
При купување водете сметка за возраста и тежината на бебето и за намената на производот. За новороденче е потребна количка со лежечка корпа или наслон што се спушта целосно рамно, а автоседиштето се избира според висината и тежината на детето и според начинот на монтажа во вашиот автомобил. Креветчето и душекот треба точно да се совпаѓаат по димензии, без празен простор на рабовите.
Како официјален застапник на Chipolino за Македонија нудиме широк избор колички, автоседишта и креветчиња, а за хранење и нега ги имаме Philips Avent, NUK, Kikka Boo, Babyjem и FreeON, како и бебе опрема од Dolu и Pilsan. Нарачајте онлајн со достава за 3–5 дена или посетете нè во Скопје и Штип.




